Во категоријата Case Study учесниците се натпреваруваат во тимови од четворица и имаат за цел да создадат целосно теоретско решение на проблем зададен од страна на компанијата. За да го осмислат решението, натпреварувачите ќе имаат одредено ограничено време и достапни материјали дадени од компаниата во склоп на задачата.
Проблемот со кој што ќе се соочат натпреварувачите е вистински проблем со кој што можеби се соочува компаниата и треба да биде решен врз база на постоечки материјали и дадени информации
Решението ќе се презентира пред стручна комисија составена од експерти/претставници од компаниите, а учесниците ќе имаат можност да се стекнат со многу нови инженерски вештини и воедно да ги надоградат оние што веќе ги имаат.
Иновативен дизајне новата категорија на EBEC која за прв пат се воведува ширум Европа во 2022 година. Во оваа категорија учесниците се натпреваруваат во тимови од четворица а треба во одредено време со ограничени материјали да создатат нов, иновативен дизајн или да направат надоградување или подобрување на веќе постоечки дизајн кој ќе го реши проблемот на задачата.
Оваа нова категорија има за цел да ги поттикне младиде инженери, кои се натпреваруваат на EBEC, да создадат комплетно нови концепти и дизајни што не постојат на маркетот и без ограничувања истите да ги реализираат. Со профеисоналната презентација треба да ги демонстрираат технолошките, социјалните, еколошките и економските придобивки од нивниот дизајн.
На овој начин учесниците имаат можност да развијат нови вештини додека истовремено ги надоградуваат оние кои што веќе ги имаат.